top of page
ПОРТФОЛИО на
Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ Скопје
Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ Скопје е непрофитно и невладино здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради заштита, остварување и реализирање на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности и зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој на територијата на Македонија, Европа и пошироко, а во согласност со Уставот и законските регулативи
Граѓаните се здружени во Здружението заради остварување на поширок заеднички интерес. Мисијата на здружението е поттикнување на хуман однос кон поединецот, заедниците и целото општествено опкружување; поддршка и промоција на интеграцијата на сите етнички заедници преку унапредување и афирмирање на заедничките вредности но, и со промовирање на спецификите на секоја заедница посебно (идентитет, јазик, култура, традиција и др).
Основни цели и задачи на Здружението се:
Потикнување на хуманоста и хуманото делување;
Промоција и поддршка на зајакнување на културниот и јазичниот идентитет на заедниците;
Остварување на основните човекови права на секој поединец;
Подигнување на свеста кај припадниците на заедниците за нивната општествена одговорност и лојалност кон државата но, и свест за припадноста на етничката заедница, почитувајќи ги спецификите и обележјата на секоја заедница;
Практична примена на посебните права на заедниците и особено на маргинализираните заедници по било кој основ (на пр. Власите, Ромите и др.)
Промоција и поддршка на формалното и неформалното образование;
Промоција на мултикултурното образование;
Промовирање на волонтеризмот помеѓу младата популација;
Јакнење на капацитетите на младите припадници на етничките заедници;
Промоција на европски вредностите и интегрирација кон европската заедница;
Соработка со релевантни институции и организации на национално и интернационално ниво, а во насока на реализирање на правата.
Ова Здружение делува во насока на заштита на животната средина, хуманите односи во општеството и интеграцијата на сите етнички заедници преку унапредување и афирмирање на заедничките културни вредности но и промовирање на спецификите на секоја заедница посебно: јазик, култура, традиција, промовирање на граѓанскиот активизам и волонтаризам, поддршка на формалното и неформалното образование и др.
До сега има организирано повеќе активности, како што се:
Трибина за подршка и зајакнување на јазичниот идентитет на заедниците,
Конференција за местото и улогата на жената Влаинка, некогаш и денес,
Промоција и поддршка на формалното и неформалното образование,
Ликовен конкурс за учениците од основно образование кои го следат изборниот предмет Јазик и култура на Власите на тема; „S-u apurãm Planeta a noastrã – Да ја заштитиме нашата планета “
Собир по повод 8-ми март Денот на жената,
Трибина за мултикултурното образование,
Предаања за европски вредности и интегрирација кон европската заедница,
Меѓународен Симпозиум на тема Депортацијата на Власите и Првиот влашки принципат,
Курсеви за влашки јазик за возрасни,
Организирање на промоции на изданија на влашки јазик,
Учество на меѓународни собири на прашања поврзани со влашкото прашање,
Изготвување на Еразмус плус проекти
Вредности и принципи на работа
Професионалност и компетентност;
Кооперативност и Транспарентност;
Промовирање на младите како ресурси;
Демократија, меѓусебна доверба и соработка;
Развој на заедниците;
Информираност;
bottom of page



